Облога на распрснување што го прави секој предмет речиси неуништлив

23

UntitledАмериканската компанија Line-X продава цврсти и трајни облоги наменети за заштита на приколката кај камионите од дожд и други непогоди. Но, тимот од популарниот YouTube канал – How Ridiculous, неодамна дојде до сознание дека овој материјал може да се употреби на секојдневни предмети, односно намирници како јајца, лубеници, па дури и сијалици, пишува Inhabitat.

Во едно нивно видео тимот обложува цела лубеница со Line-X и ја фрла од 45 метри височина. Лубеницата не се крши, туку како топка се одбива од земјата.

Во друг видео запис тие ја тестираат облогата на сијалица и јајце и повторно откриваат дека ниеден предмет не се крши. Сепак, предметот не останува без последици ако директно се насочи на сечило.