Обука за успешна кариера и бизнис наменета за студенти

22

Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј денеска од 10 часот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) организира обука на тема Како да се успее во кариерата, како до успешен бизнис?
Наменета е за сите студенти на УКИМ, но првенствено за тие што студираат на ФИНКИ. Обучувачи ќе бидат проф. д-р Владимир Трајковиќ и м-р Ирена Чаушевска.
“Цел на обуката е поттикнување на претприемништвото кај студентите и преку успешни примери од Македонија и од странство да се укаже дека бизнис-идејата е вредна и дека секој може да успее да ја реализира”, соопшти СПУКМ, кој најави дека следни во серијата обуки ќе бидат на Машинскиот и на Економскиот факултет на УКИМ.