Обука за заинтересираните апликанти за инструментите на Фондот за иновации

42

fond za inovacii i tehnoloski razvoj

Фондот за иновации и технолошки развој организира Обука за анализа на ризици, пазарен потенцијал, финансиска проекција и заштита на права од интелектуална сопственост за потенцијалните апликанти за инструментите на поддршка на Фондот, пишува Миа.

Обуката ќе се одржи во Скопје, а наменета е за претставници на микро, мали и средни претпријатија и установи кои вршат научно – истражувачка или високообразовна дејност, како и студенти кои се заинтересирани за инструментите на Фондот.

Фондот за иновации и технолошки развој континуирано одржува обуки и инфо настани со цел јакнење на капацитетите на потенцијалните апликанти за инструментите на поддршка на Фондот. При спроведување на првиот повик за инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за новоосновани претпријатија, старт – ап и спин оф, идентификувани се неколку теми за обука како клучни за апликантите со цел подготовка на квалитетни предлог проекти.