Обуки за поефективно планирање состаноци, работилници и кампањи

33

getImageThumbnailВо организација на ЦеПроСАРД започнаа да се одржуваат пакет нови обуки на тема Ефективно организирање на состаноци, работилници, обуки и кампањи.

Обуките имаат за цел да им помогнат на претставниците од различни сектори на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставници од мрежните земјоделски организации во процесот на поефективно организирање на состаноци, работилници и обуки.

Учесниците се обучуваат за важноста на процесот на планирање на состаноци и работилници, стратегиите и методите за дизајн на работилниците, потребните вештини за водење на ефективни состаноци и работилници, како и со стратегиите за справување со напорни учесници и комплицирани групни процеси.

Обучувачи на настанот беа стручни лица од Центарот за институционален развој – ЦИРа.

ЦеПроСАРД, во делот на активностите на компонентата Зајакнување на јавно – приватниот дијалог преку поефикасно застапување на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и преработен зеленчук, финансирана од АгБиз Програмата на УСАИД, ќе продолжи да обезбедува услови за воспоставување дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор.

Тоа ќе биде овозможено преку зајакнување на капацитетите на учесниците во вредносните синџири и претставниците на владините институции, како и поставување на систем за редовна комуникација и размена на мислења на одредени теми и документи во потсекторските групи за овошје и зеленчук.