Обуки за унапредување на квалитетот на работната сила

83

denovi-na-kariera-2010-1Од крајот на месец мај Министерството за економија во соработка со професори од универзитетите и менаџери од успешни компании ќе почнат да спроведуваат обуки за подобрување на квалитетот на работната сила кај младите преку унапредување на нивните практични знаења.

На конкурсот, што за таа цел ќе го објави утре Министерството за економија, ќе може да се пријават лица на возраст од 18 до 28 години.

“Првата од предвидените обуки ќе почне на 27 мај. Се надеваме дека со планираните обуки ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на работната сила”, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција.

Според анализите на терен и искуствата на фирмите целната група што го опфаќа конкурсот има добри теоретски знаења, но недоволно практични. Планираните обуки ќе придонесат за унапредување на капацитетите за комуникација на младите, за нивно вклучување во новата работна средина, за подготовка на квалитетно CV и добри резултати на интервјуа за работа.

На македонскиот пазар на труд во моментов според презентираните анализи, најбарани се кадрите од информатичко-комуникациските технологии и од стручните училишта. Во тек се огласи со кои се отвора можност за три илјади вработувања.