За да се намали бројот на нерегистрирани возила кои сообраќат по улиците, Министерството за внатрешни работи донесе новина според која на секое новорегистрирано возило треба да му се лепи налепница за извршена регистрација.
Налепницата е потребно да се залепи од надворешната или внатрешната страна на предното стакло на возилото на видливо место, со што визуелно ќе може да се утврди дека истото е регистрирано.
Налепницата за 2014 година е со црвена боја и на неа со римски броеви од I до XII се обележани месеците на календарската година.