Сијалиците со влакно од волфрам, настанати кон крајот на 19. век, на 31 декември ќе бидат повлечени од продажба во Европската унија и ќе бидат заменети со штедливи. Штедливите сијалици се пет пати поефикасни и трошат 60% до 80% помалку електрична енергија.
Се проценува дека годишната заштеда по тој основ во ЕУ ќе биде еднаква на потрошувачката на електрична енергија во Романија.
Во 2008 година ЕУ донесе закон за постепено повлекување на класичните сијалици од продажба поради многу нискиот коефициент на корисно дејство, кој практично изнесува само 5% – 10% од доведената енергија која се претвора во светлина, а остатокот оди на топлина.
Составен дел на штедливите сијалици се посебно обликувана флуо-цевка и соодветна електроника. Имаат иста големина како вообичаените со зажарено влакно, произведуваат силна светлина чиј спектар одговара на човековото око и трошат 80% помалку струја.
Штедлива светилка од 20 вати пружа иста количина светлост како класична од 100 вати, а нејзиниот просечен век на траење е 8-12 пати подолг, пренесува АФП.