Од 1 јули забрана за увоз на половни возила постари од 10 години

43

koli

Од први јули повеќе нема да може да се увезуваат стари автомобили постари од десет години, односно ќе може да се увезуваат половни возила со најмалку Еуро 4 стандард.

Во 2010 година беше либерализиран увозот на стари автомобили, а само таа година биле увезени 51.399 стари автомобили.
Увозниците на старите возила со стандард Еуро 3 до 30 јуни ќе треба да ја платат царината и да ги завршат сите увозни процедури. Рокот за хомологација засега е неограничен.
Царинската управа информира дека во првите четири месеци од годинава биле увезени 9.500 возила, односно речиси двојно повеќе од истиот период лани, пишува Макфакс.
Оваа одлука е донесена на барање на увозниците на автомобили уште од 2013 година, со датум на важење од 1-ти јули 2016 година.