Од 15 јуни до 15 август без патарини за српските граѓани низ Македонија

25

Од 15 јуни до 15 август годинава српките граѓани нема да плаќаат патарини на патиштата низ Северна Македонија, изјави денес во Белград министерот за здравство, Венко Филипче на заедничка прес конференција со неговиот српскки колега Златибор Лончар.
“Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во знак на благодарност за донациите во вакцини“, изјави Филипче.

Денешниот состанок во кој за повеќе теми се разменија искуства помеѓу министрите, донесена е одлука да Институтот Торлак биде стратешки партнер на државата при идните набавки на вакцини и во периодот кој следува. Очекувајќи и надевајќи се дека пандемијата ќе стивне, искуството досега покажа дека овој вирус е непредвидлив и со сите препреки со кои се соочивме при набавката на вакцини, оваа одлука ќе биде значајна поддршка за нашата држава.

Фото: Pixabay