Од 23-ти септември стартува Есенски дома саем

25

esenski_doma_saem

Веќе четврта година по ред, Скопски саем е местото каде што водат сите патишта со единствени понуди за парчиња мебел, достапни по специјални outlet, односно намалени цени, стои во соопштението.

Единствен спој на квалитет, економичност и практичност на дофат на едно место. Токму од 23-ти септември до втори октомври, главната тема на разговор кај секого ќе биде кои форми и бои на мебел би биле најсоодветни за својата спална соба, кујна, дневна, и најважно, кое е најекономичното решение. Секој посетител ќе има вистински предизвик да се одлучи од големиот избор на намалени цени на прекрасни парчиња мебел на овој Есенски дома саем.

“Наредната недела, започнувајќи од 23-ти септември, на изложбена површина од 5.000 метри квадратни ќе бидат претставени парчиња мебел пред посетителите кои се заинтересирани да го преуредат својот дом, или пак се во фаза на негова градба или реновирање. Оваа саемска манифестација се одржува веќе четврта година по ред и горди сме што сме организатори на единствен настан од ваков вид кој во својата понуда има квалитетни парчиња мебел по сезонски намалени цени, имајќи во предвид што outlet како концепт и како стереотип скоро секогаш се поврзува само со облека. Саемот ќе трае заклучно до втори октомври каде во период од 10 дена секој ќе има можност и време да го одбере своето омилено парче мебел“, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проект во Скопски саем.

Работното време на саемот ќе биде од 10:00 до 20:00 часот. Влезот за Есенскиот дома саем ќе биде бесплатен.