Од април фиат 500L со погон на метан

23

fiatОд април ќе можат да се порачуваат автомобили фиат 500L со погон на метан, најави маркетинг менаџерот на компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС), Борис Чучковиќ, јавува Танјуг.

“Моделот 500L со погон на метан ќе биде многу интересен за сите кои минуваат многу километри во градско возење, како што се на пример таксистите”, вели Чучковиќ.

Автомобилите на метан нема да се произведуваат однапред, туку исклучиво за поголеми нарачки што ги очекуваат од претпријатијата.

На почетокот на април, ФАС ќе понуди и фиат 500L класик на течен нафтен гас (ТНГ).

ФАС е заедничка компанија на италијанската компанија Фиат, која има 67% сопственост и државата Србија со 33% сопственички удел. Моделот 500L ексклузивно се произведува во фабриката на ФАС во Крагуевац.