Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот

36

Од четврток работното време на угостителските објекти ќе биде до 21 часот, одлучи Владата.

“Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21 јануари работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Pixabay