Од цвеќиња “вртат“ над девет милијарди долари годишно

139

Меѓународниот ден на жената, осми март, сè повеќе добива комерцијализирана верзија, па и овој ден поминува во знакот на податоците. Како еден од најчестите подароци секако се цвеќињата, а извозот на цвеќе во светот надминува девет милијарди долари.

Според Observatory of economic complexity, најголем извозник на цвеќиња е Холандија, којашто од тој бизнис инкасира скоро четири милијарди долари

Меѓу петте најголеми извозници на цвеќе се и: Колумбија (1,3 милијарди долари), Еквадор (829 милиони долари), Кенија (682 милиони долари) и Етиопија (206 милиони долари).

Најголеми увозници на цвеќе се: САД (1,7 милијарди долари), Германија (1,2 милијарди долари), Велика Британија (916 милиони долари), Холандија (830 милиони долари) и Русија (442 милиони долари).

Фото: Pexels