Од денеска достапни новите државни обврзници на Официјалниот пазар

Македонска берза информира дека согласно барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 18.11.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници.

Новата емисија изнесува 2,0556 милијарди денари, поделени во 205.560 обврзници, секоја со номинална вредност од 10.000 денари.

Обврзниците се издадени на 13 ноември 2025 година, а нивното достасување е предвидено за 13 ноември 2040 година. Годишната каматна стапка изнесува 5,10%, што ги прави овие хартии од вредност атрактивни за инвеститорите заинтересирани за долгорочни вложувања.

За тргување на берзата обврзниците ќе се појавуваат под шифрата M131140, додека нивниот ИСИН-код е MKMINF20GCO7.