Од денеска нови правила за влез во Германија

354

Од денеска сите кои од странство пристигнуваат во Германија мора да достават негативен тест за коронавирус, документ дека биле заразени со коронавирус или дека се вакцинирани.

Мерката не се однесува на деца под 12-годишна возраст.

Исто така, од денеска, Германија ќе ги категоризира земјите само во две зони: “зони со висок ризик“ и “зони со вирусни варијации“.

По пристигнувањето од “области со висок ризик“, граѓаните кои не се вакцинирани или претходно немале коронавирус, подлежат на 10-дневен карантин.

По пристигнувањето од “зони со вирусни варијации“ ќе мора да минат во задолжителен 14-дневен карантин, пренесува МИА.

Секоја федерална држава самостојно ги уредува деталите за карантинот и може да ги заостри мерките, предупредува Министерството за надворешни работи.