Од денеска – Со хартии од вредност се тргува и преку Халк Банка

62

Врз основа на одлуката за отпочнување на користење на правата од членство во Берзата, а по исполнувањето на условите согласно Правилата за членство на Македонската берза АД Скопје, почнувајќи од ден 14.11.2024 година, преку членката Халк Банка АД Скопје ќе може да се тргува во БЕСТ системот под шифрата “HK”, стои во објавата на Македонска берза.

На крајот на септември Македонска берза соопшти дека врз основа на Одлуката бр.02-923/1 донесена од страна на Одборот на директори на Берзата, овластениот учесник на пазарот за хартии од вредност Халк Банка АД Скопје е примен во членство на Македонската берза АД Скопје.