Лоциран веднаш до аеродромот Stockholm – Arlanda во Шведска, овој некогашен Боинг 457 денес е уникатен хотел.
Претприемачот Оскар Диос потроши шест месеци и два милиона евра за да го трансформира овој огромен авион во она што е сега – Jumbo Stay Hotel.
Откако беа отстранети 450-те седишта, авионот доби 33 различни соби, како и луксузен апартман за оние кои сакаат нивниот престој да го направат незаборавен.
За 400 евра гостите ќе можат да уживаат во прекрасниот панорамски поглед на пистата од пријатната атмосфера во преуредената пилотска кабина, како и да се опуштат во приватната бања во луксузниот апартман.