Од експеримент до бизнис: Деликатеси од сирење со овошје и зеленчук

21

sirenje

Љиљана Јањиќ од Ваљево од обично кравјо сирење прави деликатеси, единствени во Србија. Сирењето го меси со овошје и зеленчук, а рецептите што сама ги креира се тајна, пишува Новости.

“Ни досади класичното сирење, па еден ден направив сирење со печен сусам и домашните се воодушевија. Од тогаш продолжив да експериментирам”, вели Јањиќ.

Солените сирења ги прави во пршута, тартуфи, додека слатките се со вкус на Рафаело, Јафа, малини и бело чоколадо, вишна и павлака, диња…

Цените на овие сирења се движат од осум до 12 евра за килограм, во зависност од вкусот. Најскапи се оние со бели тартуфи, 32 евра за килограм.