Од фонтаната Треви во Рим извадени 1,4 милиони евра

96

rome-1213549_960_720

Фото: Pixabay

Во фонтаната Треви во Рим туристите минатата година фрлиле 1,4 милиони евра. Собраните пари од барокната фонтана се наменети за добротворната организација Каритас којашто им помага на сиромашните.

Фонтаната, којашто датира од 1762 година, е едно од омилените места на туристите во Вечниот град, а традицијата диктира посетителите со десната рака преку левото рамо да фрлат паричка ако сакаат повторно да се вратат таму, пишува Independent.

Целиот приход од фонтаната оди за добротворни цели. Монетите од фонтаната се вадат секоја  година. Помалку пари од фонтаната беа извадени во 2014 и 2015 година кога градските власти одлучија да ја реставрираат. Модната куќа Фенди ја финансираше реставрацијата на Треви и својот роденден го прославија со модна ревија кај фонтатанта.