Од извоз на бонбони земјава лани инкасираше 5,4 милиони долари

76

Извозот на бонбони во светот минатата година достигна вредност од 10,6 милијарди долари, а нашата земја во тој износ има удел од 5,4 милиони долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, лидер е Германија со извезени бонбони вредни 1,2 милијарди долари. Пет најголеми извозници во овој сектор се и: Кина (910,8 милиони долари), Белгија (743,7 милиони долари), Холандија (717,4 милиони долари) и Мексико (647 милиони долари).

Од регионот, со поголем извоз од Македонија се: Грција (48,5 милиони долари), Бугарија (19,5 милиони долари), Словенија (15,5 милиони долари), Хрватска (12,4 милиони долари) и Србија (9,6 милиони долари). Потоа следуваат: Босна и Херцеговина (511.000 долари), Албанија (104.000 долари) и Црна Гора (85.000 долари).

Фото: Freepik