Од извоз на ѓубриво овие земји заработуваат милијарди долари

56

Извозот на ѓубриво минатата година достигна вредност од 57,3 милијарди долари или 3,2% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник во светот лани беше Русија, којашто од продажба на ѓубриво на странски пазари заработи 8,4 милијарди долари.

Меѓу 15-те најголеми извозници на ѓубриво во светот се и: Кина (7,2 милијарди долари), Канада (5,6 милијарди долари), САД(4,1 милијарди долари), Мароко (2,9 милијарди долари), Белорусија (2,4 милијарди долари), Белгија (2,3 милијарди долари), Холандија (2,2 милијарди долари), Катар (1,5 милијарди долари), Египет (1,3 милијарди долари)…

Фото: Freepik