Од извоз на оваа руда, Австралија заработи над 65 милијарди долари

158

Извозот на железна руда минатата година достигна вредност од 122,5 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

На Австралија отпаѓа повеќе од половина од извозниот “колач“ од оваа руда. Според податоците, извозот од оваа земја лани достигна вредност од 65,8 милијарди долари или 53,8% од извозот на глобално ниво.

Меѓу петте најголеми извозници на железна руда во светот се и: Бразил (22,2 милијарди долари), Јужна Африка (5,7 милијарди долари), Канада (4,9 милијарди долари) и Украина (четири милијарди долари).

Од земјите во регионот, Романија лани извезла железна руда во вредност од 6,6 милиони долари, Босна и Херцеговина од 264.000 долари, Словенија со 17.000 долари и Грција со извезена железна руда од 2.000 долари.