Од извоз на зелен чај заработија 632 милиони долари

57

Кина е најголем извозник на зелен час во светот, од којшто минатата година инкасираше 632,2 милиони долари или 10% помалку во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Tridge.

Втора земја по извоз на зелен чај се позиционираше Јапонија со 70,5 милиони долари, што е за 3,8% повеќе одошто во 2019 година. Зад нив е Германија со извоз од 35,9 милиони долари и тоа е за 9,5% помалку на годишно ниво.

Меѓу 10-те најголеми извозници на зелен чај во светот лани беа и: Виетнам (20,7 милиони долари), Тајван (17,3 милиони долари), Индија (15,3 милиони долари), Хонгконг (11,98 милиони долари), Индонезија (10,66 милиони долари), САД (5,97 милиони долари) и Холандија (четири милиони долари).

Фото: Freepik