Од јануари должниците на Водовод ќе го подмируваат долгот без дополнителни трошоци

12

Граѓаните кои имаат долг по основ на користење на услугите на јавното претпријатие Водовод и Канализација, од први јануари, со воведување на вонсудската наплата на долговите, ќе имаат можност да го регулираат својот долг без дополнителни трошоци, јавува Миа.

Согласно измените во Законот за извршување, кои настапуваат од јануари 2017 година и воведувањето на вонсудската наплата на долговите, им се овозможува на корисниците на услугите, пред почетокот на каква било нотарска и извршителска постапка, да го регулираат својот долг и да ги избегнат дополнителните трошоци, кои може да изнесуваат и повеќе од 2/3 од главниот долг.

Пред да почнат да се спроведуваат измените во Законот за извршување кои настапуваат од јануари 2017 година, се потсетуваат граѓаните дека поради предвиденото законско утужување, кое ќе се спроведе во јануари 2017 година, за неплатените сметки за месеците од април до ноември 2016 година, се повикуваат граѓаните, кои имаат долг спрема ЈП Водовод и канализација – Скопје, за горенаведените месеци, истиот да го подмират еднократно или со потпишување на договор на повеќе рати.