Од јуни сезонски лет од Скопје до Крф

42

Грчката авиокомпанија „Aegean Airlines“ ќе започне со редовни летови меѓу Скопје и грчкиот остров Крф од 1-ви јуни, известува „Ex-Yu Aviation“.

Од скопскиот аеродром ќе се лета секој вторник и сабота, додека повратните летови се планирани за среда и недела. Летовите ќе се одвиваат до 28 септември 2024 година.

Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје и Сараево.