Од Кавадарци досега извезени 6.000 тони грозје

50

Приближно два милиона килограми десертно и четири милиони килограми винско грозје засега се извезени преку царинската испостава во Кавадарци, соопшти претседателот на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија Љупчо Аризанов.

“Извезените количини на трпезно и винско грозје се многу поголеми. Овие податоци што ние ги имаме се само за извозот кој се одвива само преку царинската испостава во нашиот град”, нагласи Аризанов.

Aризанов додаде дека гроздоберот засега се одвива без проблеми и постои интерес за извоз.