Од кои земји Кина увезува ориз?

82

Поради својата популација од 1,4 милијарди жители, Кина е трет најголем увозник на ориз во светот, веднаш зад Иран и Саудиска Арабија. Во текот на минатата година, увозот на ориз во Кина достигна вредност од 1,25 милијарди долари, што е за 21,6% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу земјите од каде што Кина најмногу увезува ориз се: Тајланд (345,7 милиони долари), Виетнам (240,7 милиони долари), Пакистан (234,9 милиони долари), Мјанмар (203,6 милиони долари) и Камбоџа (171,5 милиони долари).

Освен од азиските земји, Кина увезува ориз и од: Русија (148.000 долари), Италија (10.000 долари), САД, (5.000 долари) и Германија (1.000 долари).

Фото: Pexels