Од корона кризата околу 15.000 лица во Македонија останале без работа

34

За време на ковид пандемијата, во земјава се загубени околу 15.000 работни места, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на информациите кои доаѓаат од Агенцијата за вработување.

Наспроти неговата колешка Јагода Шахпаска, од министерството за труд и социјална политика, Бектеши вели дека не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече имал прилика да види такви анализи.

“Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел на сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видал такви анализи дека нашите сограѓани кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од пандемијата во Северна Македонија моментно има невработени околу 15.000 граѓани“, истакна Бектеши.

Фото: Freepik