Од мај директна авионска линија Скопје-Рим

22

Alitalia.a319-100.i-bimd.arp Од први мај компанијата Алиталиа ќе воведе директна авионска линија од Скопје до Рим. Редовната авионска линија ќе се одвива секој ден од аеродромот Александар Велики до аеродромот Леонардо да Винчи. За директните летови ќе се користат авионите Ербас 320 и Ембраер 175.
“Воспоставувањето на новиот лет до Скопје на дневна база е одлука на компанијата по извршената анализа за нови летови во регионот каде меѓу останатите земени во предвид биле и аеродромите во Приштина и Загреб”, се вели во соопштението од министерството за транспорт и врски.
Алиталиа е најголемата авиокомпанија во Италија која опслужува повеќе од 98 дестинации во 44 земји, а за летот Рим-Скопје е особено важна поврзаноста за нивниот главен хаб-аеродром Леонардо да Винчи со Северна Америка, односно Канада особено градовите Њујорк и Торонто, каде ќе можат да се трансферираат патниците од и до Скопје.