Од почетокот на пандемијата без работа останале 18.174 лица

17

Од почетокот на пандемијата пред скоро една година до сега, отпуштени биле 18.174 граѓани, објави директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири.

“Секако бројката е зголемена за време на пандемијата, нашата пресметка според одјавите, вели дека има приливи и од други основи, од пасивни преминуваат во активни баратели, на пример поради пакетот економски мерки од Владата“, рече Демири.

Тој исто така соопшти дека заклучно со денес, околу 54.000 лица доцнат со пријавувањето во евиденцијата на невработени.

“Јавно го повикувам сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава, да го сторат тоа во наредните 30 дена, почнувајќи од утре, да дојдат во центрите за да ја регулираат својата обврска. Тоа да биде најдоцна до петок 19-ти март“, потенцира Демири.

Според податоците што ги изнесе, на веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси од 6.000 до 7.000 слободни работни места.

Фото: Freepik