Од полноќ поевтинува еуросупер БС-98

22

1237467757_benzin2 Малопродажната цена на нафетните деривати од полноќ поевтинува за 0,24%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според регулаторите, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на претходната цена и од полноќ ќе изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,359 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,733 ден/кг.