
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 4,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 89,50 ден/лит.
Од 12.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 89,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,968 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 4,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 94,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,248 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 49,968 ден/кг.











