Од понеделник нови услови за влез во Грција

194

Од понеделник, седми јуни, во шест часот наутро, во Грција стапуваат на сила нови правила за влез во земјата, а главната промена е задолжителното тестирање за лица постари од шест години.

Обврската за изолирање на позитивни случаи на границата или блиски контакти сега е воведена 10, наместо 14 дена.

Ќе бидат дозволени тури со водич по 20 лица на отворено.

За да влезете во Грција, треба да пополните формуларот PLF, којшто може да се најде на страницата travel.gov.gr, како и доказ за имунизација. Оваа потврда може да биде во форма на сертификат за вакцинација со која било вакцина дадена во земјава, каде последната доза мора да се добие најмалку 14 дена пред доаѓањето.

Ако не сте биле вакцинирани, мора да направите негативен PCR-тест не постар од 72 часа. И, ако сте имале коронавирус, треба да обезбедите доказ дека сте боледувале од ковид од два до девет месеци пред пристигнувањето. Ова го потврдувате со позитивен PCR или антигенски тест со кој ви е дијагностициран вирусот.

Фото: Pixabay