Од понеделник Прилепски комбинат продолжува со откуп на тутун

59

Земјоделскиот инспекторат денеска ја укина забраната за откуп на тутун на Прилепскиот тутунски комбинат, со што на Комбинатот му е дозволено од понеделник да продолжи со откупот на тутунот.
“Можноста за откуп на Прилепскиот комбинат му ја укинавме на 13 јануари, а од понеделник оваа компанија ќе може да продолжи со откуп бидејќи ги покажа потребните финансиски средства за да може да го откупува и исплаќа тутунот”, изјави Рубен Стаменов, директор на Државниот земјоделски комбинат.
Од Прилепскиот комбинат потврдуваат дека од понеделник продолжуваат со откуп на тутунот, а сега треба одредат на кои пунктови, во кои населени места и со која динамика ќе го откупуваат. Комбинатот во вторникот го обезбеди потребниот кредит од 3 милиони евра за да може да го дооткупи потребниот тутун.
Според генералниот директор на Прилепскиот комбинат, Александар Дерменџиев, комбинатот остана беа потребните финансиски средства по порастот на цената за откуп на 172 денари за килограм. Досега се откупени 1.370 тони тутун од договорените 3.000 тони.
Според информациите на Инспекторатот, на ниво на држава, од близу 30.000 тони колку што е проценета реколтата, досега се откупени 14.500 тони по просечна цена од 155 денари за килограм.