Од први август забрана за влез на крузери во Венеција

30

Италија донесе одлука за забрана за влез на крузери во Венеција со цел да се зачува нејзиниот еколошки систем и на тој начин стави приоритет на потребите на локалното население одошто на туризмот.

Владата во Рим одлучи да направи таков чекор откако организацијата за култура на Обединетите нации, UNESCO се закани дека ќе ја стави Италија на црна листа доколку не забрани влез на големи туристички бродови на место што се наоѓа на листата на Светско културно наследство.

Одлуката стапува на сила од први август и бродовите што тежат повеќе од 25.000 тони нема да смеат да влезат во каналот што поминува покрај плоштадот Свети Марко, што е најпозната знаменитост на Венеција.

Прагот од 25.000 тони значи дека само мали патнички траекти и товарни бродови ќе може да влегуваат, исклучувајќи ги останатите крузери коишто вообичаено тежат најмалку четири пати повеќе и достигнуваат над 200.000 тони.

Локалното население и меѓународната заедница со години тврдат дека Венеција нема никаква корист од големите крузери коишто доаѓаат на оваа туристичка дестинација, па освен загадување на околината, посетителите само прават гужва, а ретко трошат пари.

Фото: Pexels