Од први јули низ ЕУ ќе се патува со зелен пасош

162

Европскиот парламент го поддржа воведувањето на дигитален ковид-сертификат, како за граѓаните на ЕУ, така и за државјаните од трети земји.

Ова ќе овозможи безбедно и слободно патување во рамките на Европската унија и ќе го рестартира туризмот и економијата.

Сертификатот ќе биде бесплатен, безбеден и достапен во дигитален и печатен формат. Сертификатот не само што ќе покаже дали лицето е вакцинирано, туку исто така ќе се користи како доказ дека лицето има негативен тест или се излечило од Ковид-19.

Откако ќе биде одобрен, регулативата ќе стапи на сила на први јули и ќе трае 12 месеци, со можност за продолжување, во зависност од состојбата на пандемијата. Дигиталниот сертификат треба да го олесни слободното движење и да придонесе за постепено напуштање на ограничувањата на координиран начин меѓу членките на ЕУ.

Фото: Facebook