Од први јули рекордно зголемување на цените на гасот и струјата во Италија

78

Од први јули во Италија е најавено рекордно зголемување на цените на гасот и електричната енергија, пренесуваат тамошните медиуми.

Природниот гас поскапува за 21, а електричната енергија за 12%.

Причина за зголемување на цените е, како што се наведува, состојбата на меѓународниот пазар каде што цените се двојно зголемени во однос на минатата година.

На меѓународниот пазар на природен гас владее криза, бидејќи е помала понуда во однос на побарувачката, што се случува во исто време со закрепнување на пандемијата, но и со рестриктивните мерки што ги наметнува ориентација кон производство што не ѝ штети на околината.

Електричната енергија, како што се наведува, ќе поскапе поради високите температури и зголемената потрошувачка.

Зголемување на цените основните енергенси едно просечно италијанско семејство ќе го чини околу 260 евра.

Фото: Pixabay