Од први јули се укинува роамингот со пет земји од регионот

113

Од први јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан. Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, започнуваат да го спроведуваат договореното од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

Исто така министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Facebook профил објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од први јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.