Од први мај Срби во Грција со вакцина или тест

102

Меморандумот за разбирање во туризмот во услови на пандемија, кој денеска го договорија министрите за туризам на Србија и Грција, Татјана Матиќ и Харис Теохарис, им овозможува на вакцинираните граѓани од двете земји да влезат од една во друга земја, додека ПЦР или антигенски тест да биде задолжителен за граѓаните кои не биле вакцинирани.

Овој режим ќе важи од први мај до први октомври, а меморандумот беше договорен на онлајн состанок на министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ и министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис.

Српската министерка Матиќ објави дека е договорено Меморандумот да предвиди заемно признавање на електронски сертификати за вакцинација. Исто така, ќе се направат случајни брзи тестови на границата.
Таа исто така спомена дека граѓаните што досега не биле во можност да направат замена за патување во Грција и кои имаат склучено договори со туристички агенции, тоа ќе можат да го сторат до 31 декември годинава.

Фото: Pixabay