Град Скопје денеска ги информира угостителските објекти дека од први ноември почнува зимската сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема, јавува Миа.
Барањата за добивање одобрение за вршење на дејност надвор од деловниот простор треба да се достават до архивата на Град Скопје најдоцна до 31-ви октомври.
Барањата може да се најдат на веб порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk или во архивата на Град Скопје, барака 16.
Корисниците на јавни површини кои имаат одобрение од зимската сезона 2015 – 2016 година, треба да го достават стариот елаборат (оригинал), нова тековна состојба, за сопствен имот имотен лист и употребна дозвола за деловниот простор, појаснуваат од Град Скопје.
По доставените документи, Град Скопје во рок од пет работни дена треба да го издаде Одобрението за вршење дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема.
Зимската сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема завршува на 30-ти март 2017 година.