Од што успеа Кина да заработи 19,5 милијарди долари?

93

Продажбата на предмети изработени од пластика во текот на минатата година достигна вредност од 79 милијарди долари, покажува анализата на World’s top exports.

Поеднично, најголем извозник на пластични предмети е Кина, којашто лани од тоа заработила 19,5 милијарди долари.

Во првите 10 најголеми извозници на пластични предмети се и: Германија (9,8 милијарди долари), САД (7,2 милијарди долари), Италија (3,3 милијарди долари), Франција (2,9 милијарди долари), Полска (2,2 милијарди долари), Холандија (2,1 милијарда долари), Јапонија (2,1 милијарда долари), Чешка (1,9 милијарди долари) и Мексико (1,9 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на предмети од пластика има Словенија – 356 милиони долари. Бугарија е следна со извоз од 89,7 милиони долари, по што следуваат: Грција (49 милиони долари), Хрватска (45 милиони долари), Србија (40,8 милиони долари) и Босна и Херцеговина (18,5 милиони долари).

Минатата година, од земјава се извезени пластични предмети во вредност од 3,9 милиони долари.

Гибралтар и Гренада лани имале најнизок извоз на предмети од пластика во висина од симболични 4.000 долари.

Фото: Pixabay