Од што живеат кралските семејства во Европа?

141

Многу европски монархии се значително “намалени“ во последните децении, па од членовите на кралските семејства се очекува сами да си пронајдат работа и да се издржуваат, пишува CNN.

Од 10 главни кралски семејства во Европа, девет и понатаму примаат пари за извршување на своите должности. Единствен исклучок е Кнежевството Лихтенштајн, кое што не добива пари од даночните обврзници за покривање на своите трошоци.

Колку пари ќе добие секое од овие кралски семејства зависи од законите што владеат во земјата и од традицијата. Некои земји на своите кралски семејства им даваат голем износ, а други се финансираат од различни извори.

Лихтенштајн е единствена монархија во Европа што добива никаков паричен надоместок од даночните обврзници. Кралското семејство е едно од најбогатите во Европа, бидејќи располага со голем имот и банка во своја сопственост. Иако кралското семејство е големо, сепак само четири членови се со “полно работно време“.

Британското кралско семејство е едно од најголемите и најбогатите во Европа. Според официјалните податоци, 16 возрасни и три деца во овој момент се сметаат за членови на кралското семејство. Активностите на британската кралица Елизабета Втора во голема мера се финансираат од суверени грантови, што се околу 100 милиони долари.

Кралското семејство во Монако има четири полнолетни членови кои имаат “полно работно време“ како членови на семејството. Меѓу нив се принцот Алберт, неговата сопруга, принцезата Шарлин и неговите сестри, принцезите Каролина и Стефани. Ова кралско семејство доби 54,5 милиони долари, од кои 14,6 милиони се наменети за принцот, а остатокот за покривање на трошоците на администрацијата и одржување на кралскиот дворец.

Холандското кралско семејство што брои седум возрасни членови и три деца, а на располагање имаат 49,2 милиони долари, од кои 6,5 одат на сметка на кралот.

Норвешка – кралско семејство од седум членови што има на располагање 48,7 милиони долари.

Белгија – кралското семејство има за трошење 14,6 милиони долари

Данска – за кралското семејство од оваа земја, даночните обврзници одвојуваат околу 12 милиони долари на годишно ниво.

Шпанија – четиричленото кралско семејство добива околу девет милиони долари од државниот буџет.

Шведска – ова кралско семејство го сочинуваат седум возрасни лица и две деца кои од државата добиваат финансии од 7,5 милиони долари.

Фото: Pixabay