Од српскиот пазар е повлечен мед на повеќе произведувачи, затоа што нивните производи не одговарале на параметрите за безбедност и квалитет, стои во соопштението на Министерството за земјоделство. Повлечен е медот на произведувалите Ириком од Белград, Аза од Лединац, Honey од Вучак, Биомед од Белград и медот Мијачковиќ, јавува Танјуг.
Републичката ветеринарна инспекција, во соработка со Сојузот на пчеларските организации на Србија (СПОС) кон средината на март започна интензивна и сеопфатна контрола на безбедноста и квалитетот на медот во земјата. Со акцијата е опфатена контрола на 182 примероци на мед.
Примероците се земани од малопродажни објекти со поголем обем на промет, на пазарите и во самостојни трговски објекти.
Ветеринарната инспекција наложи повлекување на сите количини мед од полиците од производните серии кои не ги исполнуваат условите за квалитет, кои се однесуваат на несвојствен изглед, боја, мирис и вкус, зголемен процент на сахароза, неисправни декларации…
Контролата има за цел откривање на фалсификат мед на српскиот пазар, како и на мед чиј квалитет е значително намален поради несоодветна обработка и начин на чување.