Од тимот на Бизнис Инфо

Blank-pageНа крајот на старата година посакуваме многу, ветуваме многу, на другите и на себе си… ќе бидеме подобри, ќе бидеме поуспешни, ќе даваме повеќе, ќе најдеме време, ќе учиме од грешките…

Она што ние ќе ви го посакаме оваа година е да останете свои, да бидете оригинални, да завртите нов лист, да почнете ново поглавје од книгата наречена живот. Нема да биде лесно, ќе мора да се работи, да се сака, да се почитува, да се продолжи и тогаш кога изгледа невозможно.

Затоа следната година не чекајте, ако имате страст следете ја, ако имате идеја остварете ја, ако не сте сигурни побарајте совет, ако сте тажни побарајте прегратка, ако сте среќни споделете среќа.

Нема ништо поубаво од споделувањето, тоа нè прави едно, нè прави човечни, ни дава сила. А токму таа сила е повеќе од потребна за нови остварувања, нови луѓе, нови почетоци.

Нека е среќна и онаква каква што ќе си ја посакате.

New-Year-Eve-17

Се читаме!