Оданочете нè повеќе – милионери протестираа пред домовите на Безос

46

Група милионери излегоа на улиците во Њујорк и Вашингтон и протестираа, барајќи богатите, во кои и самите спаѓаат, да започнат да плаќаат повеќе даноци.

Протестите беа одржани пред куќите на најбогатиот човек во светот и директорот на Amazon Џеф Безос, во Њујорк и Вашингтон.

Организацијата Патриотски милионери, во која членуваат богати поединци, бара да се усвојат прогресивни промени во оданочувањето и побогатите граѓани да плаќаат повеќе даноци. Групата, исто така, го поддржува планот на претседателот Џо Бајден да ги зголеми даноците за корпорациите и Американците кои заработуваат повеќе од 400.000 долари годишно.

Зголемувањето на данокот во голема мера треба да го опфати предлогот на претседателот да инвестира два трилиони долари во инфраструктура и 1,8 трилиони долари во план за семејна помош.

Патриотски милионери чии членови заработуваат повеќе од милион долари годишно и имаат имот вреден повеќе од пет милиони долари, се собраа пред куќите на најбогатиот човек.

“Со ваков систем, дојдовме до точка каде што има неколку богати и голем број сиромашни и тоа не функционира. Тоа не е одржлива состојба за општеството“, изјави за Гардијан, Морис Пирл, претседател на Патриотски милионери.

Фото: Freepik