Одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена

5

Преку посебна свеченост во Неготино, Федерацијата на фармерите на Република Македонија, по шести пат ќе го одбележи 15 октомври – Меѓународниот ден на руралната жена.

Годинава ќе се одржи и натпревар во правење традиционални слатки и благи јадења за кои ќе бидат доделени награди.

Поканети се жени – фармери од цела Македонија, како и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.

Манифестацијата е организирана од Федерацијата на фармерите на РМ, а поддржана од Мрежата за рурален развој на РМ и општина Неготино.