Одбележување на Светскиот ден на лица со Даунов синдром

25

17358637_10210782433649691_3522912933641530586_o

Разбирање наместо предрасуди, прифаќање наместо сожалување и создавање на заедничко општество, градење на заедничка иднина! Лицата со Даунов синдром, подеднакво како и сите други луѓе, треба да имаат можност во целост и со иста мера да ги остваруваат своите права. Ова ја опфаќа и можноста во целост да учествуваат во својата заедница.

Денеска, 21-ви март, се одбележува Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Потој повод на градскиот плоштад во Струмица во 12 часот, Мрдни со Прст заедно со Здружението Вера од Струмица и кампањата Будење ќе го одбележат Светскиот ден на лица со Даунов синдром со заедничко дружење, дневна забавасо Тони Зен, штулар, пантомимичар и стотици насмеани лица.

“21- ви март е ден кој нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и запоставуваме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инклузијата. Време е да се разбудиме, да ги размрдаме прстите, но и да го разбудиме и размрдаме ова заспано општество и на нашите другари и другарки со Даунов синдром и ретки состојби да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐштоќепосакаат“, изјави Ирена Мила од Будење.

Кампањата Мрдни со прст има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.