Одби работа во една од најмоќните финансиски групи за да биде инфлуенсерка

208

Oваа Русинка завршила економски факултет на Универзитетот во Лугано и говори шест јазици, но сепак се одлучи финансиите и банкарството да ги замени со манекенство и инфлуенсерство. Се вика Ксенија Чумичева, а ова е нејзината приказна.

Една од најмоќните финансиски групи во САД, J.P. Morgan ѝ понуди работа како инвестициски банкар, но Ксенија Чуми (како што се претставува), не била заинтересирана за оваа понуда, туку се насочила кон модата, забавата, убавината.

Течно говори, италијански, руски, англиски, германски, француски и шпански. На популарната мрежа Instagram има 1,7 милиони следбеници, а има и свој онлајн магазин, за сечиј џеб.

Без разлика што ги одбила од J.P. Morgan, (веројатно огромна сума на пари), оваа Русинка знае како да заработува големи пари. Освен тоа, вели дека сега го има и тоа што во J.P. Morgan би го немала, а тоа е слободата. Доби три покани да одржи мотивациони говори за TED Talks.

Главната предност во работата со којашто се занимава е тоа што има слобода и може да допре до голем број на луѓе. Наведува дека работејќи како инфлуенсер во рамки на својот Instagram профил, не мора да внимава на тоа што ќе го каже, нарави или претстави и да размислува дали шефот би се согласил со тоа.

Вели дека во таа работа заработката може да биде голема, но до неа нема да дојдат оние на кои само тоа им е цел. Следбениците препознаваат кој е само заради пари, а кој навистина ужива во тоа.

Фото: Facebook