Одгледување лешници за Fererro – пат до сигурна и добра заработка

262

Ново Радоњиќ од компанијата Ново плус вели дека одгледувањето лешници е многу профитабилен бизнис, но мора да се почека петтата година за да се покријат трошоците, а во шестата година да се оствари заработка.

Тој нагласува дека е потребно многу време во текот на годините да се посвети на одржување на насадите и потребно е да се почитува целиот процес, почнувајќи од квалитетот на земјиштето, за производството да дојде што е можно побрзо, пишува Agromedia.

Идејата за одгледување насади со лешници дошла во 2015 година и направиле план на 40 хектари. Прво засадиле 15 хектари, а следната година уште 25 хектари.

“На самиот почеток беше направена анализа на земјиштето, проследено со фрлање ѓубриво. На есен засадивме и веднаш инсталиравме систем за наводнување капка по капка“, наведува Ново.

Лешници сега се во петта година и очекуваат принос од околу 20 тони.

Тие потпишаа договор со компанијата Fererro и ова е прв род што им го нудат за откуп, односно 75% од родот.

“Тие ги прошируваат своите насади, сакаат да имаат што повеќе насади во Србија, што е добро за нас, бидејќи имаме сигурен купувач на лешници во следните години“, заклучува Ново.

Фото: Pixabay