Одговорот од 6 збора на Маск кога дознал дека е најбогат човек се лекција за лидерство

996

Основачот на Tesla, Илон Маск сега е најбогат човек на планетата, симнувајќи го Џеф Безос од тронот. Акциите на неговата компанија скокнаа над 20% во текот на една недела со што богатството на Маск порасна на 195 милијарди долари, 10 милијарди повеќе од Џеф Безос, според индексот на милијардери на Bloomberg.

Koга сопствениците на акции на Tesla на Twitter ја објавија веста, одговорот на Маск се состоеше од само шест збора (“How strange, Well, back to work…” ) “Чудно е тоа, Па назад на работа“.

Ова би можело да се протолкува како “кревање раменици“ на веста дека тој стана најбогатиот човек на светот, но тоa  всушност е совршен одговор и корисна лекција по емоционална интелигенција за секој лидер, пишува Inc.com.

Фото: Facebook